Поврзете се со нас

Италија

Капело ги детектираше проблемите на Јувентус и Наполи по нивното реми без голови

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/_fbcp

Ремито без голови на Јувентус и Наполи донесе по еден бод за двете екипи, чии тренери Тиаго Мота и Антонио Конте веројатно се задоволни со епилогот со оглед на фактот што ова им е прва сезона на клупата на своите актуелни клубови.

Фабио Капело се согласува со ваквиот впечаток, а по вчерашното дерби ги истакнал и проблемите на двете страни.

– Мота и Конте можат да бидат задоволни со бод од дербито. Не треба да заборавиме дека се во експериментална фаза бидејќи ги водат своите екипи само неколку месеци.

– Мота го повлече Влаховиќ од игра на полувреме, засилувајќи го впечатокот дека му недостасува напаѓач од типот на Зиркзе со кого соработуваше во Болоња.

– Главен проблем на Јувентус и натаму е слабата циркулација на топката и незадоволителниот ефект во последната третина од теренот. Доколку не се случи некој пробив на Јилдиз или уфрлување на Камбијасо, имаат проблем да креираат акција меѓу редовите на противничката одбрана, – рекол Капело и се префрлил на Наполи.

– Конте го стави тимот во попретпазлив режим во второто полувреме, а храбро ја повлече офанзивната тројка, вклучувајќи ги Кварацхелија и Лукаку, на дваесетина минути до крајот. Мислам дека постапи правилно, бидејќи кога некој нема ефект на теренот, треба да се направи некаква промена.

– Од друга страна Лукаку повторно исчезна кога е во дуел со квалитетни дефанзивци. Бремер и неговите колеги лесно го неутрализираа, – рекол Капело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни