Поврзете се со нас

Италија

Капело е посебно заљубен во еден италијански играч: Никој не е како него, тој поседува се што треба!

Објавено

на

blank

Фабио Капело секогаш зборува со посебна страст кога се италијанските фудбалски таленти во прашање, па таков е случајот и со новата ѕвезда која според легендарниот Дон Фабио е предодредена за големи нешта во светскиот фудбал.

Станува збор за играчот кој во експресно брзо време надмина една тешка и сериозна повреда, или поточно, фантастичниот Николо Ѕаниоло кој по враќањето на терените, игра сензационално добро како да не направил пауза.

По спектакуларниот соло гол против Бреша, Ѕаниоло вчера имаше извонредна партија против италијанскиот првак Јувентус, а тоа беше доволно да добие феноменални зборови од страна на еден од најценетите стручњаци во историјата на италијанскиот фудбал.

– Овој талент на Рома има неверојатна физичка сила, моќ и брзина. Сето тоа е измиксирано со одличен квалитет. Не само што има потенцијал да ја освои „Златната копачка“ во иднина, може да направи и многу повеќе. Заљубен сум во Ѕаниоло, тој има се што треба да поседува еден играч на врвно ниво. Сила, квалитет и брзина. Има и други играчи со голем потенцијал, но никој како него, – вели Капело за „Скај Спорт Италија“ и додава.

– Не гледам други млади играчи подобри од Ѕаниоло во овој момент, па без проблеми ќе кажам дека има потенцијал да биде „Златна топка“ и најдобар играч во светот, – заклучи Дон Фабио.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни