Капело со директен трансфер предлог до Перез: Фабио го посочи играчот кој перфектно ќе го замени Роналдо!

kapelo-best

Фабио Капело во два наврати го водеше Реал Мадрид и поради тоа постојано се осудува да испраќа одредени препораки и совети до луѓето кои го водат клубот од шпанската престолнина, а во најновиот случај, искусниот Италијанец испрати директна порака до Флорентино Перез.

Ценетиот фудбалски стручњак смета дека повеќе од очигледно е дека на Реал му недостасува роден голгетер како што тоа беше Кристијано Роналдо, па без нималку да заобиколува, Капело го именуваше играчот кој смета дека идеално би го заменил Португалецот во редовите на европскиот шампион.

– Јас сум голем фан на Икарди. Ако бев во Реал Мадрид, ќе го купев веднаш, без размислување. Тој е специјалист во шеснаесетникот, како што беше Кристијано Роналдо за Реал во последните неколку години. Станува збор за играч кој го чувствува голот и кој претходно знае каде ќе заврши топката. Знае како да се движи во пеналтикот како малку што умеат. Ако уфрлите три топки во шеснаесетникот, тој ќе ги удри сите три, – заклучува Капело во изјавата за италијанското радио „Раи“.

Facebook Коментари