Поврзете се со нас

Шпанија

Капело: Барселона има голем проблем…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона не успеа да освои ниту еден пехар во натпреварувачката 2023/2024, сезона која беше затворена со драмата и отказот на тренерот Чави Ернандес.

Клубот направи вистински циркус кога е во прашање својата легенда, па откако долго се обидуваше да го предомисли да остане на клупата и откако тоа даде резултат, само неколку недели подоцна управата на чело со Жоан Лапорта одлучи да сврти нов лист, да забарави на се што кажуваше и го откачи Ернандес кој треба да биде наследен од Ханси Флик.

Ова беше уште една потврда дека нешто не функционира во Каталонија затоа што се потези, моменти кои едноставно никој не може да ги разбере.

-Бев изненаден што прво најави дека ќе си замине, потоа дека ќе остане и на крајот го отпуштија. Тоа не го разбирам. Барселона има голем проблем, мора сите да бидат на една страна затоа што тим како Барселона мора секогаш да биде на врвот, -порачал легендарниот Фабио Капело кој даде прогноза за финалето на ЛШ.

-Карло е мојот фаворит. Реал има нешто повеќе. Имаат играчи, тренер со големо искуство и сила кога ќе стигнат до финале,  истакнал Италијанецот за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни