Поврзете се со нас

Лига на нации

Капарос направи драма по победата над Македонија и влезе во пресметка со луѓето од УЕФА: Пуштете ја химната (Видео)

Објавено

на

Македонската фудаблска репрезентација со преполовен состав замина за Никозија на клучниот меч со Ерменија во второто издание во Лигата на нации, хендикеп кој на крајот се покажа како преголем за да биде остварена втората цел на селекцијата, по онаа најважната која ја остваривме минатиот четврток.

Македонија не успеа да се пласира во Б дивизијата во Лигата на нации каде ќе ја гледаме Ерменија, но затоа селекторот Игор Ангеловски по крајот на средбата на Кипар нагласи дека нема потреба за големо жалење, бидејќи нашата селекција ќе игра на еден голем турнир како Европското првенство.

Македонскиот селектор доста мирно го прифати минималниот пораз од Ерменија и нагласи дека во фудбалот понекогаш мора и да се губи, но од друга страна пак, противничкиот стручњак беше до толку еуфоричен од победата, што дури влезе во вербална пресметка со одговорните луѓе на УЕФА.

Искусниот Шпанец Хоакин Капарос е познат на светската спортска јавност од своите тренерски етапи во шпанската Примера, а вчера направи мала драма откако Ерменија направи голем успех со влезот во Б дивизијата во Лигата на нации.

– Побарајте ја химната, нека ја пуштат химната. Химната на Ерменија, пуштете ја преку спикерот химната на Ерменија. Проклетство, пуштете ја ерменската химна, – во неколку наврати порача Капарос, кој потоа се огласи и преку социјалните мрежи.

– Први во групата и влез погоре во Лигата на нации! Една слика вреди повеќе од илјада зборови, а оваа е една од оние во кои е прикажана цела среќа на овој голем тим по брилијантната победа, – порача Капарос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни