Поврзете се со нас

Англија

Кантона му понудил соработка на Манчестер Јунајтед, но бил одбиен од Вудворд

Објавено

на

Ерик Кантона важи за клупска легенда на Манчестер Јунајтед, а во последното интервју открил дека имал неуспешен обид за камбек во англискиот клуб.

Французинот му понудил на тогашниот претседател Ед Вудворд да ја преземе улогата на спортски директор и да направи промени во клубот, обидувајќи се да му помогне на Јунајтед да се врати на успешните патеки.

– Минатата година му предложив на клубот да се промени начинот на работа, Вудворд е добар во однос на маркетингот, но не и фудбалот.

– Јунајтед треба да има фудбалски човек, кој ќе биде задолжен за спортско-техничкиот сектор и кој нема да има допирна точка со маркетингот кој би го работел Вудворд.

– Имав неколку средби со него, но тие не ја прифатија идејата, а јас се уште сум убеден дека им недостасува таков профил. Се чувствував лошо бидејќи не му помогнав на клубот во тешките моменти, но сега никој не може да ме обвини дека не сум се обидел, – изјавил Кантона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни