Кантона: Бензема мора да игра за Франција, тоа не е…

karim-desamp

Поранешниот голгетер на Олимпик Марсеј, Лидс Јунајтед и Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона верува оти Карим Бензема треба да биде дел од францускиот национален тим.

Напаѓачот на Реал Мадрид нема настап за „триколорите“ од октомври 2015 година, откако беше обвинет дека бил дел од групата која го уценувале Матје Валбуена со секс снимка. Од тогаш, па наваму Дидие Дешамп не го повикува Карим за Франција иако постојано добива прашања на таа тема, меѓутоа засега не го менува својот став.

Од друга страна Кантона има друг поглед на работите и верува дека за Бензема и тоа како има место меѓу „галските петли“.

-Нормално сакаме да ги видиме најдобрите играчи, сакам да го видам Бензема во националниот тим и тоа е моето мислење, јас не сум единствениот кој вака размислува, -рекол Кантона.

Facebook Коментари