Поврзете се со нас

НБА

Кантер: Турските играчи во НБА се плашат да разговараат со мене

Објавено

на

Енес Кантер настапува во НБА лигата и не смее ни да помисли да се врати во родната Турција, поради статусот кој го заработи критикувајќи го владеењето на актуелниот турски претседател, Реџеп Ердоган.

Центарот на Бостон Селтикс вели дека не само што не може да патува во Турција, туку и неговите сонародници од НБА лигата се плашат да разговараат со него.

Се работи за Џеди Осман, Ерсан Илјасова и Фуркан Коркмаз, кои при соочувањето со Кантер го игнорирале сонародникот.

– Најмногу ме боли ситуацијата со другите турски играчи во НБА. Секогаш кога играм против некој од тројцата, тие не разговараат со мене. Јас ги прашувам како се, што прават, но тие не ми одговараат. Можеби се плашат од турското обвинителство, или што би се случило ако се појави видео на кое тие разговараат со мене, – вели Кантер.

– Со Илјасова бев и соиграч и во клуб и во репрезентација, додека останатите двајца играа со мојот брат. Сепак имам големо почитување за нив, не ги обвинувам и разбирам дека се исплашени од режимот, – изјавил Кантер во подкастот на Бил Симонс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни