Поврзете се со нас

Македонија

Кантегрел: Вардар е гигант, не можеш да му кажеш „НЕ“ на ваков клуб

Објавено

на

Екипата на Вардар во следната натпреварувачка кампања ќе има француско засилување на голот и тоа во името на 25-годишниот Робин Кантегрел.

Кантегрел се одлучи предвреме да ја заврши соработката со Сесон Рен со кого имаше активен договор уште една година се со цел за да отвори ново поглавје во кариерата и да го прифати повикот од актуелниот европски шампион.

-Кога бев помлад, со мојот татко ги гледав завршните турнири во ЛШ. Вардар е легендарен клуб, а кога таков гигант ќе ти затропа на вратата, не можеш да го одбиеш, -вели Кантегрел кој во Скопје ќе дојде со неговата девојка.

-Ќе одам сомојата девојка, не е добро да сте сам, во моментов не знам многу за Македонија. Да се игра во СЕХА лигата ќе биде нешто ново за мене. Ама играњето во ЛШ беше вистисна цел во мојата кариера. Си зацртав пред себе дека сакам на 25 години да играм во ЛШ, -истакнува Робин на кого засега тешко му оди со македонскиот јазик.

-Не можам да „дешифрирам“ кирилица, ми дава зборови кои не можам да ги разберам, -истакнува низ насмевка новиот голман на „црвено-црните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни