Поврзете се со нас

Англија

Канте воодушеви еден фан во супермаркет: Уште еднаш покажа каков човек е

Објавено

на

Играчот на Челси, Енголо Канте е еден од најомилените ако не и најомилениот фудбалер во светот на овој спорт.

Причината за тоа што е омилен меѓу фановите, без разлика дали се навивачи на Челси или не е неговата голема скромност која постојано ја покажува.

Мирниот Канте пред неколку денови бил начекан од еден негов фан во супермаркет во Лондон каде играчот ги купувал потребните намирници за живот.

Иако заработува над 200.000 евра неделна плата, Канте се уште стои на земја и сам извршува голем дел од обврските кои другите фудбалери ги имаат препуштено на луѓето кои работат околу нив.

Сафраз Ахмед го сретнал Канте во супермаркетот „АСДА“ и веднаш побарал да се фотографира со него, а потоа фотографијата ја споделил на социјалните мрежи.

– Бев на опуштено пазарење во „АСДА“ и погледнете на кого налетав. Енголо Канте. Каков играч и каков човек. Многу беше љубезен, се фотографираше со мене и беше добар. Ме слушаше внимателно што му кажував, навистина убаво од играч од негова класа, -напиша Ахмед на својот Твитер профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни