Поврзете се со нас

Европски првенства

Канте постави апсолутен рекорд по денешната победа на Франција

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Француската фудбалска репрезентација обезбеди место во четвртфиналето на ЕП, совладувајќи ја Белгија со автоголот на Вертонген постигнат во финишот, а ваквиот епилог донесе и апсолутен светски рекорд на еден од избраниците на Дидие Дешамп.

Се работи за искусниот Н’Голо Канте, кој со денешниот дуел стигна до серија од 19 натпревари без пораз во дресот на „триколорите“, ефект кој досега не успеал да го постигне ниту еден друг фудбалер со својот национален тим.

Канте во дресот на Франција има 13 победи и 6 нерешени резултати на последните 19 дуели, а ќе може да го подобри тој ефект веќе во четвртфиналето.

Како потсетување, селекторот Дидие Дешамп реши да го врати Канте во националниот тим за ова европско првенство, иако членот на Ал Итихад не настапуваше за репрезентацијата претходните две години и го пропушти последното СП поради повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни