Поврзете се со нас

Лига на нации

Канте ја откажа Португалија од одбрана на трофејот во Лигата на нации (Видео)

Објавено

на

Франција победи како гостин во Португалија во пресметката меѓу актуелниот светски и европски шампион (0:1), а со оваа победа потврди дека Лигата на нации ќе има нов победник.

Португалците имаат три бодови заостанување пред последното коло, но и полош меѓусебен дуел со Франција, а најголем виновник за тоа е Канте, кој вечерва го постигна единствениот гол за селекцијата предводена од Дидие Дешамп.

Французите си обезбедија место на завршниот турнир на Лигата на нации, па последната средба против Шведска нема да има големо значење за оваа селекција. Швеѓаните вечерва ја совладаа Хрватска со 2:1 и на тој начин се израмнија со ривалот за избегнување на последното место во групата.

Во втората група каде вечерва се играа натпревари, Шпанија едвај извлече реми против Швајцарија, додека Германија ја совлада Украина со 3:1 и на тој начин го презема првото место на табелата во оваа група.

Сане постигна еден, а Вернер два гола за победничката селекција, додека Јаремчук реализираше за нашиот противник на претстојното Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни