Поврзете се со нас

Свет

Канте грубо стартуваше над поранешен соиграч од Челси за само втор црвен картон во кариерата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ittihad

Екипита на Ал Хилал и Ал Итихад денеска се сретнаа во натпревар од Азиската Лига на шампиони, а домаќините го добија првиот дуел од ова соочување со 2:0.

Головите беа постигнати уште во првото полувреме, додека немоќните гости голем дел од вториот дел играа и со фудбалер помалку.

Виновник беше вообичаено мирниот Н’Голо Канте, кој во 60. минута заработи црвен картон, само втор во неговата успешна фудбалска кариера.

Ни помалку, ни повеќе, од стартот на Французинот настрада неговиот екс соиграч од Челси, Калиду Кулибали, кој можеше да заработи и посериозна повреда по овој дуел.

Канте немаше заработено црвен картон додека настапуваше за Челси, Лестер и француската репрезентација, но затоа има еден црвен картон од периодот кога бил член на Каен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни