Англија
Канте го пропуштил денешниот тренинг поради страв од коронавирусот
Францускиот репрезентативец Н’Голо Канте го пропуштил денешниот тренинг на Челси, а според британските медиуми, причина е неговиот сериозен страв од коронавирусот.
Менаџерот Френк Лампард му дозволил на Канте да остане дома, иако само еден ден претходно тој ги започна индивидуалните подготовки со лондонскиот клуб.
Канте имал негативен тест на коронавирусот, по што му е дозволено да тренира, но очигледно се уште стравува од ризикот кој ги демне фудбалерите чија главна цел е да ја продолжат сезоната.
Французинот пред две години ги исплаши соиграчите од Челси откако ја загуби свеста на тренинг, а тогаш лекарите не утврдија дека има проблеми со срцето и другите витални органи.
Клубовите во Англија можат да имаат реален проблем со дел од фудбалерите, откако дел од нив најавија дека не сакаат да тренираат во вакви услови, а и Јирген Клоп потврди дека не планира да ги казни играчите кои би одбиле да се вратат на тренинзи.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…