Поврзете се со нас

Свет

Канте доби стоечки овации и аплаузи од француските навивачи (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Франција без проблеми славеше над Бугарија со 3-0 во последниот контролен меч пред настапот на Европското првенство.

Гризман и Жиру (2) беа автори на погодоците за „триколорите“ кои на најдобар можен начин ги завршија подготовките за шампионатот во кои се во групата на „смртта“ заедно со Португалија, Германија и Унгарија.

Проблем може да биде повредата на Карим Бензема, ама првичните информации велат дека не станува збор за ништо посериозно. Од вчерашната средба во Париз вреди да се издвои и моментот на голема почит кон Н’Голо Канте кој доби стоечки овации и аплаузи од присутните навивачи на „Стад Де Франс“.

Големиот борец е едноставно омилен меѓу публиката, а уште една потврда за тоа е и следнава ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни