Поврзете се со нас

Свет

Кансело се „закачи“ со Роналдо: Португалија не зависи од него, врвот на секој играч…

Објавено

на

Португалија имаше перфектни квалифиции за Европското првенство кое годинава ќе се одржи во Германија, циклус во кој најдобар стрелец на селекцијата од Пиринеите беше ветеранот Кристијано Роналдо со десет постигнати голови.

Роналдо иако е блиску до 40 година и понатаму е важен дел од националниот тим, човек кој е лидер и ја носи капитенската лента, но според Жоао Кансело селекцијата може да се снајде, игра и без ѕвездата на Ал Наср.

-Тој е важен играч и помина 15 години натпреварувајќи се со Меси за Златната топка, но врвот на кариерата на еден фудбалер е меѓу 25 и 32 години. Тој е важен играч за нас, но репрезентацијата не зависи од него, -порача членот на Барселона за „РТП“.

Останува да се види како ова ќе помине кај Кристијано кој и денеска себеси се гледа како најдобар фудбалер на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни