Поврзете се со нас

Шпанија

Кансело се огласи за неговата иднина: Никој ништо не ми подарил во кариерата…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело ја игра оваа сезона во Барселона и тоа како позајмен играч од Манчестер Сити, тим кој пак претходно му дозвили да замине на заем и во Баерн Минхен.

Овие потези на „граѓаните“ јасно говорат дека Португалецот нема иднина на „Итихад“ барем додека таму е Пеп Гвардиола, а за тоа е свесен и самиот фудбалер кој отворено призна дека се надева дека ќе остане во Каталонија.

-Имав среќа да играм само за големи тимови. Горд сум на мојата кариера бидејќи никој никогаш ништо не ми подарил. Сè освоив со жртва. Се уште не знам ништо [за иднината], но би сакал да останам овде. Пораснав гледајќи ја Барселона на Роналдињо. Тој е мојот идол. Горд сум што го носам овој дрес, а нема други клубови во кои можам да се приклучам. нели?, -истакна Жоао за „Газета Дело Спорт“.

Барса и Сити имаат различни проценки во однос на цената на Кансело, па останува неизвесно дали двете страни ќе можат да пронајдат заеднички јазик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни