Поврзете се со нас

Шпанија

Кансело сака да блеска во дресот Барселона: Ова е клубот за коj сонував…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело ја промени клупската средина во самата завршница на летниот преоден рок и од Манчестер Сити премина во Барселона.

Кансело не беше во плановите на Пеп Гвардиола и беше само прашање каде ќе заврши со тоа што тој беше трпелив и според информациите сакал само да слета на „Камп Ноу“ и да си го оствари сонот. Сега тоа е реалност и Португалецот е подготвен да се покаже и со тоа да се избори и подлог престој во шпанскиот великан.

-Тренерот ми дава малку слобода и тоа ми се допаѓа. Се чувствувам удобно да играм внатре, но и по страните. Ќе се прилагодам на се што ќе побара од мене.

-Секогаш сакав да играм во Барса и да им покажам на навивачите и на луѓето кои веруваа во мене колку е тешко да се дојде до Барса. Сакам да постигнам големи работи со овој клуб затоа што отсекогаш сум сонувал да бидам таму. Ова е клуб од соништата, сите мои пријатели тоа го знаат тоа, сите мои идоли играа за Барса, -порача Жоао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни