Германија
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)

Жоао Кансело ова попладне го комплетираше трансферот во Баерн Минхен и позираше со новиот дрес во друштво на Хасан Салихамиџиќ, по што и официјално се заврши зделката која беше најавена уште во текот на вчерашниот ден.
Португалскиот репрезентативец ќе игра во Баерн како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а потоа германскиот првак ќе има опција да го откупи за 70 милиони евра.
Кансело денеска ја даде и првата изјава како играч на Баерн Минхен, но од друга страна пак, употреби само пет зборови за да се прости од Манчестер Сити.
– Секој играч во светот го познава Баерн Минхен, овој клуб секогаш атакува на титули и е гладен за освојување трофеи. Поради гладта и мотивацијата пристигнав тука. Ќе дадам се од себе за Баерн. Станува збор за еден од најдобрите клубови во светот и за мене ќе биде огромна чест да играм со вакви соиграчи, – изјави Кансело, кој со Сити се збогуваше преку социјалните мрежи.
– Еднаш Ситизен, секогаш Ситизен. Ви Благодарам, – гласи кратката порака.
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……