Поврзете се со нас

Германија

Кансело откри зошто си замина од Сити и потпиша за Баерн

Објавено

на

Завршницата на зимскиот преоден рок донесе еден интересен трансфер на релација Манчестер Сити-Баерн Минхен при што Жоао Кансело слета на „Алијанц Арена“.

Португалецот беше важен дел од „граѓаните“ измиинативе години и за многумина беше изненадување зошто премиерлигашот така лесно се откажа од неговите услуги. Имаше информации дека дошло до конфликт меѓу него и менаџерот Пеп Гвардиола, но самиот Кансело самиот денеска ја откри вистинската причина за преминот во бундеслигашот.

-Побарав промена паради ограничата минутажа што ја имав во последните неколку недели. Тоа нема никаква врска со мојат однос со менаџерот Пеп. Сакав повеќе минути, да имам голем клуб зад мене како Баерн и да одам во нова авантура. Јас сум многу среќен што сум тука. Баерн е огромен клуб со богата историја. Многу, многу сум среќен што ќе го претставува овој клуб, -порача Жоао кој до крајот на кампањата ќе игра како позајмен фудбалер по што баварците ќе можат да го откупат за 70 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни