Германија
Кансело не испочитувал една инструкција од Нагелсман на дебито: Испадна добро што не ме послуша

Жоао Кансело вчера дебитираше за Баерн Минхен и се претстави на новите соиграчи и навивачи со асистенција за водство од 0:1 против Мајнц, акција која доби посебна тежина и на прес-конференцијата поради инструкциите кои ги дал Јулијан Нагелсман од клупата.
Пред да следи дриблинг и центаршут од Кансело, германските новинари можеле да го слушнат Нагелсман кој силно му викал на Португалецот да му додаде на слободниот Павар, но наместо тоа, десниот бек испрати додавање по кое Чупо Мотинг го отвори резултатот.
По триумфот од 0:4 и пласманот во наредната рунда во Купот, Нагелсман ја потврди оваа информација и призна дека барал друго од Кансело, кој пак со својот потег направи да ја запише првата асистенција во германскиот фудбал.
– Точно е дека викав да му додаде на Павар. Тој беше под притисок и сметав дека најдобра опција е да додаде д освојот соиграчи. Моја работа е да барам солуции за моите играчи, но сепак играчот е тој кој ја носи последната одлука.
– Јас можам да давам инструкции и да го предложам мојот план, но станува збор за играчи од светска класа и тие ги носат одлуките на теренот. Среќен сум што не ме послуша и што испрати центаршут за гол, – изјави Нагелсман.
-
Македонијапред 9 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 6 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 20 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 18 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 17 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 16 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 19 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……