Англија
Кансело: Луѓето како мене имаат проблеми на овој свет

Жоао Кансело се уште се наоѓа во период на адаптација во Баерн Минхен, а случувањата во клубот направи во краток временски интервал да остане без тренерот кој всушност беше клучен за неговиот ангажман.
Јулијан Нагелсман заработи отказ, но добра вест за десниот бек е тоа што Томас Тухел е заљубен во неговите квалитети и веќе јавно говореше за тоа дека сериозно ќе смета на фудбалерот кој пристигна од Манчестер Сити.
Кансело имаше проблеми во Манчестер Сити поради својот директен став кон Пеп Гвардиола и фактот што јасно го искажа незадоволството за неиграњето, па говорејќи за својот карактер, Португалецот вели дека на овој свет, неговата природа знае често да се гледа од погрешен агол.
– Јас имам изградено цврст карактер поради тоа што ми се случи на рана возраст. Ја загубив мојата мајка на само 18 години и морав да ги средам работите без неа. Морав да бидам силен и да се изборам да бидам тоа што сум денес.
– Добро знам каков е мојот карактер. Јас сум импулсивен и сентиментален, лесно може да се разберете со мене бидејќи секогаш го кажувам тоа што го мислам. Секогаш сум транспарентен и не заобиколувам ништо. Луѓето како мене имаат потешкотии во овој свет, – вели Кансело.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 4 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 4 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки