Поврзете се со нас

Шпанија

Кансело го пропуштил дербито против Атлетико поради вонредно срцево испитување (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Жоао Кансело отпадна во последен момент од дерби пресметката со Атлетико Мадрид која се играше на „Метрополитано“, а иако тогаш кратко беше пренесено дека станува збор за физички проблеми, сега се откри за каков точен преглед станувало збор.

Всушност, Барселона направила вонредни лекарски тестирања врз Португалецот, а за да се одржи личната доверливост со фудбалерот, во прв момент не беа обелоденети детали за што станува збор.

Сега угледните медиуми од Каталонија информираат дека на десниот бек му бил направен целосни кардиолошки испитувања, откако негов близок член од семејството пројавил посериозни срцеви проблеми.

За да се запази сериозниот медицински протокол и да се избегне лошо сценарио, Барселона како клуб ангажирала тим и му било направено комплетно тестирање на Кансело, а истото тој го положил успешно и сега добил зелено светло да се приклучи на репрезентацијата.

Барса оваа вечер ја потврди оваа вест од медиумите и призна дека Кансело бил под експерстки медицински надзор, но сега му е дадено дозвола да се приклучи на репрезентативниот камп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни