Поврзете се со нас

Шпанија

Кањизарес: Засрамен сум од оваа Валенсија

Објавено

на

foto: x.com/valenciacf

Валенсија сезонава се бори за опстанок во Ла Лига, а вчера доживеа уште еден убедлив пораз од Барселона, овојпат во четвртфиналето на шпанскиот Куп.

Каталонците без проблем стигнаа до 0:5 на гостински терен, со што вторпат за краток период ја наполнија мрежата на „лилјаците“, а Сантијаго Кањизарес вели дека како поранешен играч е засрамен од оваа екипа на Валенсија.

– Засрамен сум што мора да гледам тим како овој на Валенсија.

– Како е можно да имаме ваков состав, овие момци го даваат максимумот, но најголем дел не би можеле да го облечат овој дрес ако клубот беше на нивото од претходните децении.

– Ова не е изненадување, ова е само реалност од десетгодишното владеење на Петер Лим, но навистина ми е тешко бидејќи не можам ниту да помогнам да се спречи оваа тажна ситуација, – рекол Кањизарес, кој беше дел од Валенсија меѓу 1998 и 2008 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни