Поврзете се со нас

Шпанија

Кањизарес со сведоштво за ужасот во Валенсија: Господ нека ме поправи, но мислам дека ова е почеток на драмата

Објавено

на

Foto:instagram.com/santicanizares

Сантијаго Кањизарес е шпанска фудбалска легенда, но неутралните фудбалски фанови најмногу се сеќаваат на него од историските настапи кои ги имаше за Валенсија.

Иако е дете на Реал Мадрид, Санти најдобрите денови ги мина на „Месталја“, па по крајот на играчката кариера реши да продолжи да живее во Валенсија.

Овој град во текот на вчерашниот ден беше погоден од страшното невреме „ДАНА“ и претрпе огромни штети од огромните количества на дожд, а надојдената вода буквално поплави голем дел од градот и однесе неколку жртви.

Засега, шпанските власти информираат дека има починати 95 лица, а Кањизарес кој сведочи на ужасот за жал мисли дека ова е само почеток на кошмарот.

– Ова е драма од колосални размери. Не можам да замислам што ќе пронајдат луѓето кога ќе пристапат до своите домови, навистина не знам што ќе најдат. Се надевам дека Господ ќе ме поправи, но мислам дека ова е само почеток на кошмарот…., – вели Кањизарес, кој открива дека вчера било планирано да излезе од дома за да преземе пакет, но на крајот решил да го одложи тоа.

– Мојата драма не се споредува со онаа на другите луѓе. Јас го поминав денот во центарот на градот, но можам да замислам што е со моите имоти на село. Претпоставувам дека патиштата до моите фарми се опустошени и најверојатно ги изгубив сите животни кои ги имам. Моите деца денес не отидоа на училиште, на улиците има само луѓе од службите за итни случаи, – открива Кањизарес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни