Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кањизарес: Лично му кажав на Кан дека е идиот

Објавено

на

Foto:twitter.com/santicanizares

Сантијаго Кањизарес е фудбалски продукт на Реал Мадрид и беше дел од „кралскиот клуб“ до 28-годишна возраст, но сепак најголемата слава ја стекна во Валенсија каде се претвори во вистински легенда на клубот од „Месталја“.

Токму поради тоа, Кањизарез ја избра Валенсија како град во кој ќе ја промовира својата автобиографија составена од 426 страници, на кои се испишани најубавите моменти во неговата кариера, но и оние најболните.

Без никаков сомнеж, Кањизарес потенцира дека најлошата ноќ ја имал против Баерн Минхен во големото финале во Лигата на шампионите, кога во негов кошмар се претвори неверојатниот Оливер Кан.

Од тоа финале поминаа речиси 22 години, но постарите фудбалски фанови се уште се сеќаваат на емотивната средба по мечот, кога големиот џентлмен Оливер Кан го тешеше расплаканиот Кањизарес.

– Има еден дел од книгата кој сакам да го променам, а тоа е финалето во Лигата на шампиони од 2001-ва година. Јас пораснав во школата на Реал Мадрид и уште од таму се создава опсесија за освојување на тој трофеј. Ја освоив со Реал во мојата последна година таму и покрај тоа што не бранев во финалето, но имав минутажа таа година и добив медал.

– Кога заминав во Валенсија, не очекував да играм повторно во финале, но играв во две. Епизодата која би ја променил е онаа од Милано. Сакав да има поинаков крај, сакав името на Валенсија да биде напишано со златни букви на трофејот од Лигата на шампиони. Не е лошо што е напишано со сребрени, но со златни ќе беше уште поубаво. Бевме блиску до тоа, а после тоа следеа титулите во Ла Лига. Сепак, таа епизода од Милано се уште ме прогонува. Имаше еден шупак и идиот кој не спречи да ја освоиме титулата. Тоа е Оливер Кан, лично му го имам кажано тоа во неколку наврати, – открива Кањизарес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни