Поврзете се со нас

Свет

Kаниџа: Меси нема лидерски способности, кога неговиот тим…

Објавено

на

Поранешниот аргентински репрезентативец, Клаудио Каниџа смета дека неговиот сонародник Лионел Меси нема лидерски способности и се мачи кога неговата екипа не е на посакуваното ниво, поточно противникот е подобра екипа.

Каниџа кој во Европа настапуваше за неколку познати клубови како Рома, Аталанта, Бенфика и Ренџерс го цени Меси, ама верува дека истиот не се снаоѓа кога ривалот на спротивната страна е на повисоко ниво, односно се мачи да дојде до израз.

-Можеби на Меси му недостасува лидерство, кога неговиот тим не е оној што е подобар, тој паѓа. Меси ја презема одговорноста и јасно е дека има карактер, не знам што можеше таму да се случи[во Барса], но она што секогаш го велам дека за него е тешко, страда кога ќе види дека противничката екипа е подобра од неговата.

-Кога ќе излезе на теренот и ќе види дека неговиот тим не е супериорен, дека нема да биде лесно да се победи, тој не се чувствува добро. Се мачи кога е тешко, -вели Каниџа кој смета дека Лео и компанија лошо ја одиграле последната епизода, обидот да си замине од Барселона.

-Меси беше лошо советуван, тие му кажале дека може бесплатно да си оди. Се чини дека неговите адвокати ја пуштија желката да си замине. Беше очигледно дека тој нема да ја напушти Барса, -истакна човекот кој за „гаучосите“ одигра 50 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни