Поврзете се со нас

Франција

Канг-Ин Ли ефект: ПСЖ подготви специјален поздрав за корејските фанови

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Раководството на ПСЖ решило на спефицичен начин да се заблагодари за ефектот кој го донесе Канг-Ин Ли по преселбата во редовите на францускиот начин, а тоа сигурно ќе ги израдува се поголемиот број корејски фанови.

Ли остави одличен впечаток откако пристигна во ПСЖ, а клубот е дополнително задоволен поради комерцијалниот ефект, кој е докажан и со фактот што дресот на Кореецот е попродаван од тој на Килијан Мбапе.

Тоа е и основна причина што на утрешниот дуел со Ле Авр, на дресовите на ПСЖ презимињата на фудбалерите ќе бидат напишани на корејски јазик, нешто што е најавено преку профилите на социјалните мрежи на парижаните.

– По пристигнувањето на Канг-Ин Ли, ПСЖ е сведок на зголемен интерес меѓу корејските фанови, што подразбира зголем број фанови на трибините, како и зголемен број на следачи на профилите на социјалните мрежи, – стои во соопштението на ПСЖ.

Клубот организирал и заедничко следење на натпреварот во Сеул, а тоа ќе биде дополнителен мотив и за Ли, кој досега постигна 2 гола и имаше 1 асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни