Поврзете се со нас

Светски првенства

Кандрева: Сите веќе мислат на Португалија, но мора прво да ја победиме Македонија

Објавено

на

Селекцијата на Италија сака повторно да се врати на големата сцена и да биде дел од Светските првенства со оглед на тоа што претходното во Русија го пропуштија.

Меѓутоа за да се случи тоа „аѕурите“ ќе мора да минат две пречки од кои едната е Македонија, а ако победат потоа и да слават со подобриот од битката меѓу Поругалија и Турција. Многумина веќе гледаат како во „големото финале“ за билет за мундијалот ќе се борат Португалците и Италијанеците, но искусниот Антонио Кандрева предупредува и бара голема внимателност за да не им се повтори Шведска (загубија во баражот).

-Италија секогаш мора да е на СП, против Шведска се плашевме дека нема да успееме и тоа се случи, еден автогол, потоа реми пред полн стадион. Сите веќе мислат на Португалија, ама прво мора да соочиме со Македонија, -истакна некогашниот италијански репрезентативец и сегашен член на Сампдорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни