Поврзете се со нас

Италија

Кандрева обвини за „грабеж“ во Неапол, Инѕаги порача: Покажете почит кон Салернитана (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialUSS1919

Наполи на драматичен начин постигна гол во 96-та минута и успеа да стигне до победа над Салернитана, но погодокот кој беше дело над Рахмани предизвика и огромно незадоволство во противничкиот табор.

Гостите сметаа дека има очигледен прекршок од Деме над Чауна во акцијата пред да дојде топката до Рахмани, а со јасна симболика за овој спорен момент се јави Антонио Кандрева.

Искусниот играч за врска со Инстаграм објавата алудираше на подарокот кој го доби Наполи во победата од 2:1, но бесот не го криеше и Пипо Инѕаги кој побара почит за неговиот тим.

– Ние сме оштетени речиси на секој меч кој го играме и тоа веќе почнува да не иритира. Време е луѓето во Италија да покажат почит кон Салернитана.

– Барам почит за мене, за Салернитана и за моите играчи. Кога тоа ќе се случи, ќе престанеме да се жалиме во јавноста. Нивниот гол за победа дојде после очигледен прекршок од Деме. Тој го удри нашиот играч во глава и требаше да има реакција од ВАР. Да не добиеше удар, нашиот играч ќе ја расчистеше топката, – порача Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни