Поврзете се со нас

Италија

Кандрева објави крај на кариерата со специјално видео: Се одјавувам од храмот на фудбалот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialUSS1919

Антонио Кандрева фудбалски се докажа како член на Лацио и прерасна во голема фудбалска ѕвезда на „Олимпико“, но посебно се афирмираше како редовен италијански репрезентативец по трансферот во Интер.

Офанзивниот играч за врска кој прерасна во специјалист за евроголови ги радуваше фановите во Серија А речиси две децении, меѓутоа сега реши дека е време за крај откако остана фудбалски неактивен повеќе од шест месеци.

Откако му истече договорот со Салернитана, Кандрева долго размислуваше кој ќе биде неговиот следен потег во кариерата, но конечната одлука е дека заминува во пензија на 38-годишна возраст.

– Почитуван и драг фудбалу, денеска е еден од најважните денови во мојот живот. Дојде време да кажам збогум. Тука, на „Сан Сиро“, се одјавувам во храмот на фудбалот, теренот на кој го одиграв последниот натпревар во кариерата.

– Мојот пат почна пред 40 години, и истиот беше исполнет со уживање и болка, имаше жртва и големи победи, но и многу емоции. Го живеев сонот, не гледам на ова како збогување, само како старт на нешто ново. Ти благодарам фудбалу и се гледаме наскоро, – порачува Кандрева.

Иако имаше богата играчка кариера во Серија А, Кандрева ниту еднаш не успеа да го освои Калчото, а единствениот трофеј го освои со Лацио во Купот во 2013-та година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни