Поврзете се со нас

Италија

Кандрева испрати проектил за пресврт и прва победа на Салернитана (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialUSS1919

Ветеранот Антонио Кандрева донесе голема радост за фановите на Салернитана, екипата која во дуелот со Лацио (2:1) ја обезбеди првата победа во актуелната сезона во Серија А.

Гостите поведоа со голот од пенал на Имобиле во финишот на првиот дел, но тоа не ги откажа избраниците на Пипо Инѕаги.

Кастањос во 55. минута израмни, а дванаесет минути подоцна Кандрева испрати силен удар по средината на голот на Лацио и го изненади Проведел, носејќи целосен пресврт за домаќините.

Салернитана конечно дојде до првата победа во 13. коло, но засега останува на дното на табелата, додека Лацио привремено е на десеттото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни