Поврзете се со нас

Италија

Кандела незадоволен од тренерскиот избор на Милан: Со сета почит кон Паоло, но……

Објавено

на

Foto:instagram.com/vincentcandela

Милан долго време бараше тренер и по се изгледа го пронајде во Паоло Фонсека, португалскиот стручњак кој како слободен агент ќе пристигне на „Сан Сиро“ откако му заврши етапата во Лил.

„Росонерите“ решија да се разделат со Стефано Пиоли и да фатат нов фудбалски правец со поразлични идеи, па иако на радарот беа имиња како Лопетеги, Конте и Де Ѕерби, директорите на Милан се одлучија да му дадат шанса на Фонсека.

Иако договорот не е официјално потврден, двете страни веќе ги имаат прецизирано сите детали и се чека само вистински момент за промоција, а тоа може да се заклучи и од изјавите кои ги даваат реномирани имиња во италијанскиот фудбал.

Ариго Саки не остана импресиониран од изборот кој го направи Милан, но истото важи и за Венсан Кандела чија кариера експлодираше на „Олимпико“ во Рим.

– Пиоли заврши одлична работа во Милан и нема да му биде лесно на Фонсека. Го познавам Фонсека од времето кога ја водеше Рома и не ми се допаѓаше што прави.

– Тој многу менуваше пред почетокот на секој меч, за мој вкус дури и премногу. Цело време ги ротираше играчите и не знаев дали тоа е добро, или лошо за тимот. Променет е од времето кога беше во Рома, поминаа неколку години, но Милан носи голема одговорност. Милан е Милан и секогаш цели високо.

– Со цела почит кон Фонсека, но Милан заслужува тренер како Конте. Милан треба да брка такво ниво, Милан заслужува тренер кој освоил нешто големо во кариерата, – вели Кандела во интервјуто за „Тутоспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни