Поврзете се со нас

Свет

Канаваро за тоа кој е најдобар на сите времиња: Јас многу го почитувам Меси, но за мене…

Објавено

на

Поранешниот италијански репрезентативец, Фабио Канаваро се вклучи во дебатата за тоа кој е „ГОАТ“, најдобриот играч на сите времиња.

Има различно ставови, размислувања, за некои тоа е Пеле, за други Кристијано Роналдо, за трети Лионел Меси…, а според Канаваро далеку пред сите и без конкуренција е Диего Армандо Марадона.

-Јас многу го почитувам Меси. За новата генерација тој е еден од најдобрите. Но, Марадона е различен затоа што фудбалот беше различен. Тие многу го удираа, но тој беше секогаш под контрола и беше многу тврд, цврст.

-Меси е топ, но Марадона е друг свет. Никогаш не го споредувам него со останатите играч. Никогаш не сум го гледал Пеле, но го гледав Марадона, седум години го гледав секој натпревар. Тој не е еден од најдобрите, тој е најдобриот, -порача Фабио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни