Поврзете се со нас

Шпанија

Канаваро за последниот шпалир на „Ел Класико“: Му нагласив едно нешто на Пујол

Објавено

на

Шпалирот во фудблската игра е своевидено искажување на чест и огромна почит кон противникот кој остварил завиден резултат, но истиот добива уште поголемо значење кога еден тим ќе одлучи да го приреди истиот на еден лут ривал.

Оваа традиција посебно се негува во Шпанија со години и таквите сценарија предизвикуваат воздишки кај самите фудбалери, но ако се навратиме низ времето, последниот шпалир на едно „Ел Класико“ дерби датира од 2008-ма година. Поминаа дванаесет години од последниот „тунел“ кој играчите на Барселона им го организираа на своите лути ривали од Реал, сето тоа откако „Ек Класико“ дербито на 7-ми мај пред 12 години пристигна неколку дена по заверувањето на титулата на „кралевите“.

Играчите на Барса покажаа класа и ги поздравија ѕвездите на домашниот тим при излегувањето на теренот, а сега Канаваро се потсетува на тој момент и призна дека се чувствувал до толку посебно, што му испратил порака на капитенот Пујол.

– Пред натпреварот, се велеше дека не сакаат да направат шпалир, дека нема да го направат тоа. Но, тие покажаа голем карактер и не пречекаа како шампиони.

– Покажаа дека се голем тим, кој знае да покаже понизност и кој ги почитува шампионите. Му кажав на Пујол едно нешто, му нагласив дека постапија спектакуларно, покажаа респект и покрај големото ривалство кое беше разжарено. Навистина многу ни се допадна на сите играчи, – нагласува Канаваро во интервјуто за официјалната телевизија на Реал.

Инаку, Италијанецот беше дел од Реал Мадрид од 2006-та до 2009-та година, период во кој во два наврати се радуваше на титулата во Примера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни