Поврзете се со нас

Италија

Канаваро во преговори да преземе клуб од Серија А

Објавено

на

Foto:instagram.com/fabiocannavaroofficial

Фабио Канаваро досега имаше само една кратка авантура како тренер на италијански тим, но тоа може да се промени во финишот на актуелната сезона.

Италијанските медиуми тврдат дека раководството на Удинезе било разочарано од вчерашниот пораз од директниот ривал за опстанок Верона и размислува да го отпушти Габриеле Чофи.

Составот од „Фриули“ се најде во незгодна позиција по вчерашниот неуспех со гол примен во судиското надополнување, па сега големи се шансите дека Чофи ќе добие отказ, а Канаваро ќе има задача да го разбуди тимот во завршницата.

Чофи го презема Удинезе на крајот на октомври и има ефект од четири победи, десет ремија и девет порази. Канаваро пак немал тренерски ангажман откако го водеше Беневенто неколку месеци во сезоната 2022/23.

Удинезе денеска може да се најде во опасната зона, бидејќи Фрозиноне и Сасуоло имаат само бод, односно два бода помалку на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни