Поврзете се со нас

Шпанија

Канаваро: Тројца играчи беа клучни, а шест се најзаслужни за историскиот успех на Реал Мадрид

Објавено

на

Фабио Канаваро му предвидува светла иднина на Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти, тренер кој се одлучи по вторпат во кариерата да го води „кралскиот клуб“, овојпат во далеку поинаква и во изменета ситуација.

Легендарниот стопер кој ја освои „Златната топка“ во 2006-та година играше и за Реал Мадрид во својата богата кариера, но ако тој не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, следната генерација на фудбалери освоија дури четири во период од само пет години.

Карло Анчелоти ја донесе популарната „Ла Десима“ во својата прва етапа во клубот, а потоа Зинедин Зидан направи историја и освои три последователни титули во најелитното натпреварување.

Според Канаваро, тројца играчи биле клучни за овој историски успех на „кралот на Европа“, а уште тројца биле исто така многу важни во целиот процес.

– Клучот за историскиот успех на Реал Мадрид беа Модриќ, Касемиро и Крос. Тие носам цврстина, квалитет и иницијатива на најважниот дел од теренот. Тие беа клучни за успехот, плус Рамос кој беше лидер и Кристијано и Бензема. Умешноста на Крос, Модриќ и Крос беа одлучувачки, воиграност и перфекција како нивната не се видела на еден фудбалски терен претходно, – заклучува Канаваро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни