Поврзете се со нас

Италија

Канаваро со бомбастичен трансфер предлог до Наполи: Ако бев на местото на Де Лаурентис……

Објавено

на

Фабио Канаваро е легендарен италијански стопер кој најмногу се прослави играјќи за репрезентацијата, Јувентус и Реал Мадрид, но негов матичен клуб е Наполи и како дете од Неапол секогаш е тесно поврзан со „небесно-сините“.

Канаваро се уште се наоѓа во период кога чека вистинска понуда и проект кој ќе ги задоволат неговите тренерски апетити, но во меѓувреме, реши да испрати интересен предлог до првиот човек на Наполи.

Поранешниот стопер се стави во улога на претседателот на Наполи и му порача да тргне по ѕвездата со која преговараат и останатите големи клубови во Италија.

Пауло Дибала не го продолжи договорот со Јувентус, поради големите финансиски барања стопирани се преговорите и со Интер, а последно се верува дека во трката влегол и Милан.

– Ако бев на местото на Де Лаурентус, ќе испратев понуда до Дибала. Тој е слободен на трансфер пазарот и секој може слободно да преговара со него. Се надевам дека ќе остане во Италија, тука се разви како играч. Уживам да го гледам, но се стави во незгодна ситуација. Направи свој избор и сигурно се надеваше дека многу побрзо ќе најде клуб, – вели Канаваро во изјава за „Кориере дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни