Поврзете се со нас

Шпанија

Канаваро: Сите го гледаа Меси, ама јас го пратев…

Објавено

на

Некогашниот ас на Наполи, Парма, Интер, Јувентус и Реал Мадрид, Фабио Канаваро откри колку го почитува и цени тоа што во својата кариера го направи Андрес Иниеста.

Шпанецот со Барселона ги освои сите можни клупски трофеи, додека пак со селекцијата стана европски и светски шампион.

-Играше со таков стил, не можевте да не го сакате кога ќе го видетве како игра. Тој беше совршен професионалец, многу скромен…го сакав.

-Можеби сите го гледаа Меси, но јас го пратев Иниеста, -истакна Канаваро.

Иниеста вчера го прослави 36 роденден, тој се уште е активен и го носи дресот на Висел Кобе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни