Балкан
Канаваро промовиран во Динамо: Не се плашам од ништо, сакам дисциплина како Капело…
Динамо Загреб на македонскиот интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми доби нов тренер и тоа во името на Фабио Канаваро.
Италијанецот доби понуда да работи во најдобриот хрватски клуб, понуда која е прифати, поточно кажа „ДА“ за предизвикот кој е сериозен и во кој ќе треба да го задржи Динамо на врвот во ХНЛ.
-Сè може да се случи брзо, а вие треба да бидете подготвени. Пред два месеци ме повикаа од Динамо, па почнав да добивам информации за клубот. Ги проучував играчите и видов како можат да играат подобро. Важно е да се трудат и да го дадат својот максимум, а тренерот мора да ја организира играта за да бидат подобри резултатите. Имаме многу цели, но немаме време. На средина сме на сезоната и ќе се обидеме да се подобриме за кратко време. Сакам да работам со млади играчи и не се плашам од ништо. Сакам да дадам се за овој клуб.
-Најдобро е да имате мешавина од офанзивни и одбранбени стилови. Ми се допаѓа моите тимови да ја имаат топката и да ја контролираат играта. Не сакам да му давам премногу шанси на противникот, не сакам мојот тим да страда во одбраната. Мора да бидеме паметни и да ја читаме играта бидејќи таа се менува во текот на играта. Нема заштеда на енергија, мора да дадеме се. Тоа е фудбалот. Тешко е да се победува постојано, -рече Канаваро и посочи што сака да „украде“ од некогашните тренери.
-Се обидувам да земам нешто од секој од нив. Се трудам да имам дисциплина како Капело и однос со играчите како Анчелоти. Се обидувам да читам натпревари како Липи и да го организирам тимот како Сари. Се надевам дека ќе можам да споделам такви работи со играчите. Тука сме да развиваме играчи и да освојуваме титули. Сакаме навивачите да бидат среќни, -порача Италијанецот.
Фабио иако една деценија е во тренерските води нема направено некој позначаен резултат, има водено клубови Кина каде беше и селектор, а и во неговата татковина каде беше на чело на Беневенто и Удинезе.
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација12 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)