Поврзете се со нас

Балкан

Канаваро пред тренерски ангажман во Турција

Објавено

на

Италијанската фудбалска легенда, Фабио Канаваро е на добар пат да договори тренерски ангажман во Турција.

Канаваро најголемиот дел од досегашната тренерска кариера ја гради надвор од својата татковина (кратко беше само во Сиена) и по се изгледа тој пат ќе го продолжи и тоа во редовите на Адана Демирспор.

Турскиот прволигаш му врачи отказ на Патрик Клајверт, позиција која многу лесно може да ја наследи Канаваро кој преговара и според инфоромациите лесно може да се случи да ја затвори зделката. Ако ова се официјализира тоа ќе значи дека Фабио ќе соработува со добро познати имиња како Балотели, Нианг, Нани…

Инаку во блиското минато Адана беше водена од Италијанецот Винченцо Монтела кој имаше добри резултати, а тоа беше препорака пак потоа да стане турски селектор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни