Поврзете се со нас

Светски првенства

Канаваро не го оправдува форматот на баражот: Италија нема зошто да се плаши од Македонија!

Објавено

на

Фабио Канаваро веќе проектираше големо бараж финале меѓу Италија и Португалија за пласман на Светското првенство, убеден дека фаворитите нема да погрешат против Македонија и Турција.

Легендарниот стопер на „аѕурите“ и добитник на „Златната топка“ во 2006-та година смета дека овој формат на бараж не го импресионира и дека многу подобра верзија била онаа претходната кога се играа два натпревари на домашен и гостински терен, по кои се добива еден патник на мундијалот.

– За мене, вистински бараж беше оној кога се играше на домашен и гостински терен, на крајот, понатаму минува подобриот тим во два натпревари. Овој формат не ме задоволува. Кога веќе се игра еден натпревар во полуфинале и финале, треба да се игра на неутрален терен, – вели Канаваро со оглед на тоа што Италија ќе игра на домашен терен против Македонија, а во проектираното финале би била гостин.

– Нема од што да се плашиме, сите противници се почитуваат, но Италија нема зошто да се плаши од тим како Македонија. Ако играат како на Европското првенство, нема од што да стравуваат. Факт е, на неутрален терен би било поинакво за сите и мислам дека би било пофер бараж.

– Португалија е силна, но треба да се биде внимателен бидејќи на еден меч ќе игра и тремата. Тие ќе играат на домашен терен во финалето, а не треба да се заборави дека Италија остварувала големи победи како гостин, последен добар пример ви е победата над Англија на „Вембли“. Криситијано Роналдо ќе живее за тој меч со Италија, сака да оди на Светско првенство и сигурно ќе биде најопасен. Сепак, јас верувам во Кјелини и Бонучи, тие ги знаат неговите движења и потези, а Роналдо иако е многу добар, не е подвижен како порано и тоа може да ни биде од корист, – заклучува Канаваро во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни