Поврзете се со нас

Свет

Канаваро: Многу го почитувам Зидан, но направи огромна грешка

Објавено

на

Фабио Канаваро ги искористи овие тешки карантински денови за да комуницира со свои стари пријатели и некогашни соиграчи во различни клубови, но последно ги искористи социјалните мрежи за да одработи интервју за угледниот „АС“.

Поранешниот стопер сега работи во Кина како тренер и оттаму следи како Европа се справува со ужасната пандемија која тој ја искуси во првиот бран, а во интервјуто кое го направии за респектабилниот весник од шпанската престолнина, посебно се задржа на случувањата поврзани за Реал.

Сепак, во прв план се најде коментарот кој го даде за актуелниот тренер на Реал, Французинот Зинедин Зидан за кој вели дека направил огромна грешка на својот последен меч во кариерата.

– Многу го почитувам Зидан за се што направи во фудбалот, но во финалето погреши многу, направи огромна грешка. Тоа беше негов последен меч, да го напушти на тој начин беше вистинска штета, – изјави Канаваро.

– На теренот може да ви кажат се, но лошо е да завршите така. Не погреши само Матераци, погрешија двајцата. Беше жално да се види како завршува Зидан на едно финале, се уште се сеќавам на „бумот“, на ударот кој му го зададе. Изгледаше навистина лошо, – заврши Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни