Поврзете се со нас

Италија

Канаваро: Јуве на моменти игра полошо од минатата сезона со Алегри

Објавено

на

Foto:instagram.com/fabiocannavaroofficial

Фабио Канаваро имаше кратка авантура во Серија А и обезбеди да опстане во елитата со Удинезе, но веднаш по последното коло си замина од клубот и повторно е слободен агент.

До денешен ден, легендарниот стопер се уште не пронајде нов возбудлив проект во тренерските води, па тоа му остава време да ја коментира работата на други колеги.

Тиаго Мота изминатово лето го презема Јувентус и започна еден тежок процес за кој понекогаш е потребно повеќе време, а откако тимот забележа девет реми исходи во досегашниот тек од сезоната во Серија А, полека станува јасно дека тимот не може да се трка со оние на врвот.

Тоа го смета и Фабио Канаваро, кој пак прогнозира дека за целиот проект на Мота да донесе резултати, потребни ќе бидат три години.

– Очигледно е дека Јувентус има одредени проблеми и веќе е зад другите најсилни екипи во Италија. Јувентус почна од „нула“ и тоа никогаш не е лесно. Нов спортски директор, нов тренер, многу нови играчи, никогаш не е лесно во таква транзиција.

– Реновирањето бара време, а во Јувентус често не добивате многу време. Според мене, потреби се три години за да се комплетира новиот проект, но проблемот е што во Торино станува многу тешко ако нема резултати веќе втора година по ред. Имаше големи очекувања дека Јувентус ќе игра спектакуларен фудбал со Мота, но на моменти, тие играат полошо од лани со Алегри кога тренерот беше жестоко критикуван. Како и да е, Тиаго е многу добар тренер, работи напорно и потребно е да се има трпение со него. Победите се резултат на процес кој мора да го минете, не постои скратен пат до победите, – вели Канаваро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни