Поврзете се со нас

Репрезентација

Канатларовски пред дуелот со Франција: Желбата за докажување е огромна, верувам во моите фудбалери

Објавено

на

Нашата фудбалска репрезентација до 21 година денеска го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година, а на самиот старт имаме голем предизвик, битка со првиот фаворит во групата Франција и тоа на нејзин терен во Ле Ман.

Селекторот Драги Канатларовски се соочи со доста проблеми пред овој натпревар, четворица повикани играчи мораше да „избрише“ и тоа Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички) кои имаа позитивен тест на КОВИД-19 како и Амел Рустемоски (Вил) кој е повреден.

Сепак разлика на сите овие пехови, удари предводникот Канатларовски е убеден дека неговиот избраници ќе се претстават во најдобро светло против Французите.

-Очекуваме тежок натпревар, Франција е апсолутен фаворит во нашата група. Нема да се предадеме, ќе го дадеме максимумот, очекувам да одиграме на високо ниво, верувам во моите фудбалери. Се соочивме со проблем на стартот на подготовките, четворица наши стандардни фудбалери не се на располагање, но што е тука е. Останатите фудбалери тренираа одлично, ги разбираат моите идеи. Желбата за докажување е огромна. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, -рече Канатларовски.

Дуелот Франција-Македонија се игра од 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни