Поврзете се со нас

Репрезентација

Канатларовски повика двајца нови играчи за натпреварите со Франција и Србија

Објавено

на

МАкедонската репрезентација до 21 година првиот собир ќе го има в недела на 29-ти август, но непосредно пред ова, селекторот Драги Канатларовски направи две промени во првичниот список кој го објави.

Популарниот Цапар е пред своето деби како селектор на младинската селекција, но пред истото се соочи со проблеми поради два позитивни случаи на Ковид 19.

На редовните клупски тестирања, позитивни тестови добиле Адријан Хајдари од Рапид Виена и Марио Младеновски од Ботев Пловдив, поради што популарниот Цапар беше приморан да повика нови двајца фудбалери.

Хајдари и Младеновски веќе се во самоизолација и тоа го потврди Фудаблската Федерација на Македонија, која исто така откри кои се двете нови имиња кои ги повика селекторот.

Александар Ѓуркоски од Шкупи и Ѓорге Јанкулов од Борец се новоповиканите фудбалери од Канатларовски, кои сега треба да бидат во комбинација за настап за дуелите со Франција и Србија на почетокот на месец септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни