Поврзете се со нас

Репрезентација

Канатларовски ќе ја тестира новата генерација на две пресметки со БиХ: Добар знак е што играчите се познаваат

Објавено

на

Младинската фудбалска репрезентација го заврши својот квалификациски циклус, но тоа не значи крај на јунските предизвици, бидејќи Драган Канатларовски ќе ја тестира новата генерација на два пријателски натпревари.

Селекцијата до 21 година ќе одигра два контролни натпревар против Босна и Херцеговина, дуели на кои селекторот Канатларовски ќе дознае со што ќе располага на следниот квалификациски циклус, бидејќи станува збор за нова генерација на фудбалери кои доаѓаат од помладите категории.

Првиот меч се игра на 10-ти јуни на стадионот во Ѓорче Петров, а втората пресметка е закажана за два дена подоцна на тренинг центарот Петар Милошевски.

– Имаме нова генерација на млади фудбалери која поседува квалитет, почнуваме да ја подготвуваме за следниот квалификациски циклус што почнува во март. Треба да извлечеме голема поука од претходниот циклус. Да корегираме се што беше негативно, а позитивните работи да ги прифатиме и да продолжиме со напорната работа. Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех од претходната, повеќето фудбалери ги имаат поминати сите млади селекции на Македонија, се познаваат, што е добар знак пред почетокот на квалификацискиот циклус. Од старт почнуваме заедно, се надевам дека ќе имаме успешни квалификации, – вели популарниот Цапар.

Повикани се следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица), Стефан Митрев (Академија Пандев),

Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Виктор Крстевски (Гостивар), Андреј Стојчевски (Жилина), Имран Фетаи (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугзбург, Германија), Стефан Деспотовски;

Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ), Димитар Тодоровски (Работнички), Иван Николов (Вардар), Александар Коцев (Брегалница), Лука Станковски (Газиантеп), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Данаил Тасев (Тиквеш), Дашмир Елези (Шкендија);

Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Арда Окан Куртулан (Фенербахче, Турција), Методи Максимов (Работнички), Марио Илиевски (Септември, Бугарија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни