Поврзете се со нас

Репрезентација

Канатларовски го објави списокот на играчи за последните квалификациски натпревари за ЕП

Објавено

на

Предводникот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски го објави списокот на играчи за двата последни натпревари од квалификациите за Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Словачка.

Нашите надежи овој циклус ќе го завршат со пресметките со Молдавија и Грузија закажани за 11 и 15 октомври од 14 и 18 часот.

На листата се најдоа 24 фудбалери, комбинација од играчи кои настапуваат во нашите клубови и интернационалци.

Македонија се наоѓа на 4. место во групата Ц со 9 освоени бодови.

Повикани играчи:

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски   Хапоел Јерусалим, Израел

Андреј Јовчевски   Пелистер

Љупче Џеков   Силекс

ОДБРАНА:

Стефан Деспотовски   Шериф Тираспол, Молдавија

Решат Рамадани   Шкендија

Имран Фетаи   Беса

Малик Хамзиќ   Гостивар

Ерен Алиевски   Трелеборг, Шведска

Ерион Алији   Хорн, Австрија

Ѓорѓе Џеков   Силекс

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов   Сондеријске, Данска

Алекс Златков   Шкупи

Хамза Рамани   Шкупи

Беким Камбери   Струга Трим Љум

Димитар Тодоровски   Работнички

Фисник Исаки   Ф.К.Б.93, Данска

Бехар Фета   Домжале, Словенија

Бесар Гуџуфи   Шкупи

Лука Станковски   Раднички, Србија

Матеј Ангелов   Черкаси, Украина

Ване Крстевски   Шкендија

НАПАД:

Михаил Талевски   Пелистер

Фитон Адеми   Шкендија

Филип Трпчевски

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни