Светски првенства
Канадскиот голман ги шокираше медиумите: Имам 2000 неотворени пораки од хрватски фанови

Канада не успеа да ја изненади Хрватска иако рано поведе на мундијалскиот дуел во Катар, а голманот Милан Борјан немаше шанси да ги спречи головите на фаворитот кој на крајот славеше со преубедливи 4:1.
Канаѓанецот со српско потекло имаше и други проблеми за време на средбата, бидејќи бил на удар на хрватските фанови кои го провоцирале и навредувале.
Борјан потекнува од дел на Хрватска кој претходно бил населен со српско население, па потенцирајќи го тоа низ медиумите активираше секаков вид навреди на своја сметка. По натпреварот ги изненадил и српските новинари, покажувајќи им го телефонот со над 2.000 неотворени пораки на „WhatsApp“.
– Тоа покажува какви луѓе се, поточно примитивци.
– Слушнав дека ме навредуваа, мораат да поработат на себе и на своите фамилии. Ова се деца кои не знаат како изгледа војна, погледнете имам 2056 неотворени пораки, – рекол Борјан.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар