Канадски олимпиец украл автомобил во Пјонгчанг

canadaoi

Канадски олимпиец, неговата сопруга и неговиот тренер биле уапсени од полицијата во Пјонгчанг, поради тоа што решиле да си „позајмат“ автомобил за да се вратат во олимпиското село.

Спортистот кој не е именуван од организаторот се најде во незгодна позиција откако бил дел од триото кое влегло во автомобилот чиј мотор бил активиран, а за да биде полошо, на возачката позиција бил тренерот кој бил под дејство на алкохол.

Полицијата брзо ги лоцирала „бегалците“, но корејските власти посочија дека нема да ги задржат обвинетите бидејќи не предизвикале материјална штета, но тие ќе мора да ја подмират паричната казна. Канадскиот олимписки комитет не сакаше да го соопшти името на олимпиецот, но медиумите објавија дека се работи за ски-крос натпреварувачот Дејвид Данкан.

Facebook Коментари